Top Sport

Славниот италијански фудбалер ја заврши кариерата на 41-годишна возраст

Познатиот италијански фудбалер Фабио Кваљарела на социјалните мрежи објави дека става крај на професионалната кариера.

Кваљарела (40) е без клуб од јуни, кога му истече договорот со челниците на Сампдорија, клубот за кој настапуваше од 2015 година.

Во текот на својата богата кариера одигра 717 професионални натпревари на кои постигна 238 гола и даде 62 асистенции.

Најголемиот успех го постигна во Јувентус со кој освои три шампионски титули на Италија (2012, 2013 и 2014 година). Играше и за Торино, Наполи, Удинезе, Асколи, Торино, Фиорентина и Киети.

За италијанската репрезентација одигра 28 натпревари од 2007 до 2019 година и постигна девет гола.

Scroll to Top