Реал Мадрид потврдија дека нивниот славен стадион „Сантијаго Бернабу“ ќе служи како центар за складирање на медицинска опрема и за други материјални донации кои организациите и бизнисите ќе ги направат за борба против корона вирусот.
Шпанија е меѓу најпогодените од Ковид-19 со над 56.000 заболени и над 4.000 мртви и земјата е „затворена“ барем до 12 април. Бидејќи фудбалот нема наскоро да се врати на теренот во шпанската престолнина, можно е „Бернабеу“ да има поинаква корисна функција.
„Реал Мадрид во соработка со Советот за спорт (ЦСД), објавува проект за снабдување и дистрибуција на стратешки медицински материјал во борбата со пандемијата. ’Сантијаго Бернабеу’ ќе понуди простор за опремата и за донациите. Сите материјали подоцна ќе бидат предадени на шпанските здравствени власти за да се искористат на најдобар начин“, се вели во соопштението на клубот.