Top Sport

Следниот викенд интересно бугарско дерби – ЦСКА-ЦСКА 1948

Следниот викенд во бугарскиот шампионат има интересно дерби на Софија меѓу клубовите на ЦСКА Софија и ЦСКА 1948 Софија, клуб кој произлезе поради „нечесните“ работи во стариот клуб.

ЦСКА 1948 е формиран во 2016 година од страна на незадоволните навивачи на клубот кои се противеа на фузијата на ЦСКА Софија с Литекс Ловеч за клубот да не испадне во најниска лига поради банкрот. Со ова клубот се спаси и од втора лига набргу се врати во елитата. Новиот клуб за седум години од најнизок ранг успеа да влезе во прва лига, а минатата сезона го освои третот место, а еднаш играше и во финалето на клубот.

„Оригиналниот“ клуб ЦСКА не го признава ЦСКА 1948, додека навивачите не ја прифатија промената и го сметаат „оригиналниот“ ЦСКА Софија како Литекс Ловеч. Од ЦСКА 1948 побараа да се респектира нивното име, бидејќи ЦСКА секогаш ги ословува како „гости“.

„Мислам дека се работи за крајно непочитување, бидејќи кога гостуваме секогаш не ословуваат како ‘гости’, а не како ЦСКА 1948. Ферплејот го нема. Тие кога доаѓаат кај нас, секогаш ги респектираме“, вели фудбалерот на ЦСКА 1948, Ѓорѓи Русев.

Scroll to Top