Домаќините Тајланд направија сѐ што можат, но тоа не беше доволно да ја спречат Словачка да стигне до 3:2 победа и да го освои Купот на кралот на „Раџамангала“ стадионот во Бангкок.
Двата тима стигнаа до финалето по лесните победи – Тајланд со 4:2 го победи Габон, а Словачка со 2:1 беше подобра од Обединетите Арапски Емирати, и Тајланѓаните тргнаа по 16. трофеј од годишното натпреварување, но Словеците едноставно беа посилни.
Ондреј Дуда по само 10. минути донесе водство за Словачка, за Роберт Мак во 34. минута да го удвои водството. Во 27. минута имаше застрашувачки сцени на теренот, откако Мартин Шкртел, ветеранот на Фенербахче, го „проголта јазикот“ и мораше да добие медицинска помош на теренот.
Домаќините успеаја да намалат на 2:1 преку Џакафан Кевпром пред крајот на полувремето, но Словачка имаше 3:1 водство во 67. минута преку Ерик Пачинда. Домаќините не се предадоа пред илјадниците навивачи и во 78. минута намалија на 3:2, но тоа беше конечниот резултат.