Роберт Просинечки во квалификациите за пласман на Светското првенство ја предводеше селекцијата на Азербејџан, а ден по завршувањето на овој циклус квалификации, постигнал прелиминарен договор со Фудбалскиот сојуз на Словенија, каде што на клупата ќе го наследи Среќко Катанец.
Словенија неславно ги заврши квалификациите за мундијалот во Русија во групата со Англија, Словачка, Шкотска, Литванија и Малта и го освои четвртото место. Катанец заминувањето го најави по мечот од претпоследното коло во кое Словенците загубија од Англија со 1:0 со голот на Кејн во 94. минута.
Од друга страна, Просинечки со Азербејџан освои 10 бода и заврши на претпоследното место во групата во која уште беа Германија, Северна Ирска, Чешка, Норвешка и Сан Марино.
Според медиумите во Словенија, Просинечки во текот на денот треба да допатува во Љубљана за да ги договори условите за преземање на репрезентацијата. н.ц.