Top Sport

Смит бесен на Погба: Како може да е пенал, кога сам се сопна?

Менаџерот на Астон вила, Дин Смит бесно реагираше на пеналот кој беше досуден на Манчестер јунајтед за 2:1 победа, велејќи дека не е сфатливо како ВАР не бил консултиран кога било јасно дека Пол Погба сам се сопнал за пеналот.

Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка (негов 15-ти успешен обид од 11 метри по пристигнувањето во Јунајтед), за победа.

„На почетокот мислев дека е пенал, но откако ги видов снимките на ТВ беше јасно дека сам се сопна. Не ми е јасно зошто судијата Мајкл Оливер не го погледна на ВАР? Зарем не е системот за тоа? Не верувам дека се работеше за пенал, како што им беше јасно на сите кои го гледаа натпреварот“, вели Смит.

Scroll to Top