Top Sport

Зидан не гарантира дека ќе остане на клупата на Реал

Зинедин Зидан вели дека сака да го искористи „моментот“ во Реал Мадрид бидејќи не знае уште колку долго ќе биде тренер кај „кралевите“, иако има договор уште 18 месеци.

Пред четиригодишнината од неговиот престој во Мадрид, францускиот тренер неодамна призна дека размислува за продолжување на договорот кој му завршува во 2022 година, но пред мечот со Селта додаде дека не знае дали е реално да очекува уште четири години на клупата.

„Оваа работа зема многу од тебе, но од друга страна е фантастично место. Имам голема среќа што сум тренер на Реал Мадрид и сакам да го искористам секој момент. Не можам да кажам дали ќе сум тука уште еден месец, една година или четири години. Животот секогаш е ден-по-ден. Затоа го давам максимумот секоја тренинг-сесија, секој натпревар. Другото? Којзнае што ќе се случи за една недела?“, вели Зидан.

Шампионите Реал можат да ги поминат градските ривали Атлетико Мадрид ако ги победат Селта (против кои немаат пораз во 12 меча), но тимот на Зидан веќе има одиграно два меча повеќе од „рохибланкос“.

„Кога си прв имаш предност. Одиме напред, а не можеме да гледаме на тоа дали Атлетико се фаворити. Тие имаат предност бидејќи се први“, додава Зидан.

Scroll to Top