Top Sport

Смолинг ќе потпише нов договор со Рома

Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг, постигна договор со раководството за продолжување на соработката. Англичанецот ќе парафира со „волчицата“ до летото 2025 година.

Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер истекува на крајот од актуелната сезона.

„Блиску сме до нова соработка, наскоро и официјално ќе биде објавен новиот договор“, изјави Смолинг за Скај.

Крис Смолинг е дел од Рома од 2019 година. Одигра една година на позајмица од Манчестер Јунајтед, по што беше откупен од италијанскиот клуб.

Scroll to Top