Top Sport

СМС ќе остане во Лацио

И покрај најавите и ова лето не се случи трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Неговиот менаџер Матеја Кежман, потврдил дека неговиот клиент и оваа сезона ќе остане во Рим.

Кежман, ги демантираше сите пишувања во медиумите.

Тој за „Кориере дело спорт“ изјави: „Одлуката е донесена, Сергеј дефинитивно останува во Лацио“.

СМС има важечки договор со клубот од Рим до јуни 2024 година.

Српскиот репрезентативец во актуелниот преоден рок најмногу се поврзуваше со Манчестер јунатед, сепак како преодниот рок одминуваше „црвените ѓаволи“ си определија нови приоритети и се откажаа од неговиот трансфер.

Scroll to Top