Top Sport

СМС нема иднина во Лацио – Сари го менува тимот, се подготвува голема размена

Италијанските медиуми пишуваат дека новиот тренер на Лацио, Маурицио Сари ги известил клупските челници дека српскиот интернационалец, Сергеј Милинковиќ Савиќ е прекуброен на „Олимпико“.

Се споменува голема размена и тоа меѓу Лацио и Јувентус. СМС би отишол во Торино, а во „вечниот град“ е планирано да се пресели Бразилецот Артур, кој не така одамна од Барселона се пресели кај „Старата дама“.

Артур, кој во Јуве дојде при една друга трампа во која Пјаниќ замина во Барселона, со своите игри не ги убеди „Бјанконерите“, па тој не се вклопува во плановите на новиот кормилар, Масимилијано Алегри.

Од друга страна, Сари има симпатии кон Бразилецот.

За буџетот на Јувентус би било прескапо да одводат меѓу 70 и 80 милиони евра за Милинковиќ Савиќ, а згора на тоа во средниот ред веќе ги имаат Адриен Рабио, Родриго Бентакур и Арон Ремзи.

Се чини дека размената ним повеќе им одговара, затоа што Артур се проценува на околу 60 милиони евра.

Scroll to Top