Top Sport

На кошаркар на Лејкерс разбојници пред куќа му ги украле часовникот и мобилниот

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кентавиус Колдвел-Поуп бил ограбен пред својата куќа откако разбојници со пиштол му се заканиле дека ќе го убијат. Американскиот таблоид „TMZ“ јавува дека притоа останал без часовник и мобилен телефон во вкупна вредност од околу 150.000 долари.

Инцидентот се случил на 17. овој месец околу 4 часот утрината додека кошаркарот разговарал со своите пријатели пред неговиот дом. Покрај низ запрел автомобил од кој излегле тројца вооружени разбојници, па од Колдвел-Поуп и од останатите побарале со закана да им дадат се што имаат во нив.

„Езерџијата“ останал без својот „ролекс“ и без „ајфонот“, па откако го добиле она што го побарале, разбојниците избегале без никого да повредат.

Колдвел-Поуп сезонава одигра 67 меча за Лејкерси со просек од безмалку 10 поени и 3 скока по меч.

Scroll to Top