Top Sport

Снајдер: Можев да бидам како Меси и Роналдо, ама не сакав!

Еден од најдобрите холандски фудбалери, Весли Снајдер минатото лето отиде во фудбалска пензија.

Фудбалерот кој во 2010 вистински ја заслужи Златната топка, кога Интер го предводеше до тројната круна, а Холандија до финалето на СП, во својата богата кариера настапуваше и за Ајакс, Реал Мадрид, Галатасарај и Ал Гарафи. Во кариерата одигра 708 меча, постигна 186 гола, запиша 142 асистенции со 20 освоени трофеи.

За Снајдер остана недоумицата дали можеше да оствари повеќе во кариерата. Неговиот став го кажува во интервју за „Фокс Спортс“.

„Да живеев 100% посветен на фудбалот, ќе бев на исто рамниште со Меси и Роналдо, Но не го сакав тоа, и не ми е жал“ – рече Холанѓанецот.

Scroll to Top