Top Sport

Федерер се расплака по зборовите на Марадона – Ти си најголем, машина!

Александер Зверев и Роџер Федерер одиграа егзибициски меч во Буенос Аирес, Аргентина, а Германецот славеше во два сета. Јужноамериканската публика им приреди топол пречек, а посебно беа фасцинирани од швајцарскиот тениски ас.

Посебно емотивен момент беше кога на голем видео бим легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона му испрати порака на Швајцарецот.

„Здраво господару на играта, машино, како што јас те викам. Беше, си и секогаш ќе бидеш најголемиот. Нема никој како тебе. Сакам да знаеш – ако имаш било каков проблем додека си во мојата земја, да ме викнеш и да ми кажеш што ти е потребно“ – порача Марадона и го расплака тенисерот.

Федерер неколкупати во текот на мечот ја забавуваше публиката која бараше од него да им позира на фотографии, што тој со задоволство го правеше.

Scroll to Top