Top Sport

Снајдер за збогум доби дрес составен од сите негови дресови

Весли Снајдер доби уникатен холандски дрес, направен од сите интернационални дресови кои ги носеше последните 15 години за одбележување на повлекување од националиот тим.

Играчот од средниот ред се повлече од репрезентацијата по 134 настапи од 2003 година, и 34-годишниот ветеран доби интересно збогување на пријателскиот меч со Перу, кога тој и неговото семејство добија тросед за да го гледаат натпреварот.

„Овој дрес е направен од сите мои дресови со кои играв за холандскиот национален тим последните 15 години. Одличен подарок“, напиша Снајдер на Инстаграм.

Неговата 10-ка е напред на дресот, а забележително е знамето на Бразил од 2:1 победата над оваа селекција на СП во 2010 година, кога тој постигна еден од своите 31 голови за Холандија.

 

View this post on Instagram

 

This T-shirt is made of all the shirts I played in for the Dutch national team in the last 15 years!! ⚽️? #GreatPresent

A post shared by Wesley Sneijder (@sneijder10official) on

Scroll to Top