Лондон наскоро ќе добие уште еден модерен стадион, бидејќи на почетокот на сезоната Тотенхем најави дека ќе го пушти во употреба новиот „Вајт Харт Лејн“.
Тотенхем, оваа сезона своите натпревари ги играше на „Вембли“, бидејќи на местото на стариот стадион клубот реши да изгради нов чии изглед треба да биде спектакуларен.
Стадионот ќе има капацитет од 63.000 седишта, а во неговата изградба вложени се околу 800 милиони фунти.
Челниците на Тотенхем веќе започнаа да го промовираат новиот стадион, иако до почетокот на сезоната остануваат уште два месеци.
Промоцијата на новиот стадион во Тотенхем ја користат за брутална провокација кон големите ривали Арсенал и Челси.
Новиот стадион Тотенхем го промовира со пораката: „Единственото место во Лондон каде што може да гледата Лига на шампиони“.
Јасно е дека провокацијата се однесува на големите ривали кој низ Премиер лигата не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите.