Top Sport

Со лев бек од 170 сантиметри како голман и со 10 играчи, Комори немаа шанси против Камерун

Домаќинот Камерун е четвртиот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации, откако во невообичаен меч со 2:1 ги совладаа аутсајдерите Комори, кои навистина немаа среќа во својот историски настап на континенталното натпреварување.

Комори поради пандемијата меѓу своите фудбалери останаа без голман пред стартот на мечот  – нивниот прв голман Салим Бен Боина се повреди на мечот со Мароко, а Мојад Усеини и Али Ахамада имаа позитивни тестови. Ахмада врати негативен тест пред вечерашниот натпревар, но Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) ги смени правилата и не му дозволи да игра поради протоколите.

Поради ова, Коморите мораа да играат против петкратниот шампион на натпреварувањето без вкупно 12 позитивни фудбалери и со левиот бек Чакер Аладур на позицијата на голман. Аладур инаку е висок само 170 сантиметри.

За ситуацијата да стане полоша за малата островска држава од Индискиот Океан, по само седум минути игра Наџим Абду доби црвен картон, оставајќи ги со 10 играчи. Камерун дојде во водство преку Карл Токо Екамби во 29. минута, пред Винсен Абубакар да го постигне својот четврти гол на турнирот во 70. минута. Сепак, аутсајдерите не се предадоа, и во 81. минута намалија на 2:1 преку Јусуф М’Чангама, иако за сензација немаа сили до крајот.

ОСМИНАФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Камерун – Комори 2:1

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Буркина Фасо – Тунис

Гамбија – Камерун

Сенегал/Кабо Верде – Мали/Екваторска Гвинеја

Брег на Слонова Коска/Египет – Мароко/Малави

Scroll to Top