Иако беа надиграни во првото полувреме, Тотенхем стигнаа до 2:1 победа над Лидс јунајтед, за прв триумф на Антонио Конте на клупата на лондонскиот премиерлигаш за искачување на седмото место, пред Манчестер јунајтед, но и само поен зад лутите ривали Арсенал.
Ексиграчот на Јунајтед, Даниел Џејмс им донесе водство на Лидс во 44. минута, пред Тотенхем да се вратат во второто полувреме. Топката со малку среќа отиде кај Пјер-Емил Хојбјерг во 58. минута, за 11 минути подоцна Серхио Регуилон со помош на одбраната на Лидс да направи пресврт за 2:1. Лидс имаа повеќе удари на голот од Тотенхем во текот на мечот (17-12).
Поразот ги носи Лидс на 17. место со 11 поени, само два поени зад зоната за испаѓање каде што се наоѓаат Барнли, Норич и Њукасл.