Top Sport

Со Манчестер Сити освои тројна круна, но не е среќен на „Етихад“

Во финалето на Лигата на шампионите од самиот старт го немаше Кајл Вокер и тоа го налути дефанзивецот на Манчестер Сити.

Иако неговиот тим славеше победа и го освои најважниот трофеј, Вокер истакна дека е „разочаран“, а медиумите во Англија напоменуваат дека е подготвен да го напушти клубот.

Вокер веќе има 33 години и јасно е дека најдоброто е зад него. За овој фудбалер како опција се споменува заминување надвор од Островот, но и враќање во Шефилд Јунајтед каде ја започна кариерата.

Кајл Вокер помина шест години во Манчестер Сити, пристигна од Тотенхем и оттогаш освои 12 трофеи од кои пет титули во Премиерлигата.

Scroll to Top