Дел од навивачите на Тотенхем ветија дека веќе нема да купуваат пици од „Доминос пица“, откако официјалниот Твитер профил на ланецот пицерии се потсмеваше со нивното „исфрлање“ од Конференциската лига на УЕФА.
Откако УЕФА реши да му го додели последниот меч по групи против Рен со службени 3:0, Тотенхем останаа на третото место на табелата зад Рен и Витесе за крај на европските натпреварувањо по засрамувачките порази од Витесе и Мура. Од лондонскиот клуб најавија тужба, а британскиот Твитер акаунт на „Доминос“ го прослави ова со фотографија на човек со празни полици со порака:
„Навивачите на Спарс се однесуваат како да не го сакале трофејот од Конференциската лига на УЕФА во колекцијата“.
Брутално!
Spurs fans acting like they never wanted the Europa Conference League in their trophy cabinet… pic.twitter.com/VjDfpN0tQn
— Domino’s Pizza UK (@Dominos_UK) December 20, 2021