Собата во која престојуваше Лионел Меси за време на Светското првенство во Катар ќе биде претворена во музеј.
Аргентинецот беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство, каде неговата репрезентација го освои трофејот, а во решавачкиот меч двапати го матираше францускиот голман Уго Лорис.
Напаѓачот на ПСЖ постигна седум гола на СП и ја доби сребрената копачка за втор стрелец најдобар стрелец. Меси постигна еден гол помалку од Килијан Мбапе.
Достигнувањата на Меси во Доха сега ќе бидат овековечени, а просторот „Универзитет во Катар“, каде престојуваше Аргентинецот ќе биде претворен во мал музеј.
На овој начин љубителите на фудбалот ќе можат да видат како седумкратниот освојувач на „Златната топка“ го поминувал своето време меѓу натпреварите на Светското првенство.
La habitación en la que estaba alojado Leo Messi en la universidad de Qatar durante el mundial se convertirá en un pequeño museo. 👌👌👌🇦🇷 pic.twitter.com/0mpgZnIMUX
— Achraf Ben Ayad (@Benayadachraf) December 27, 2022