Кике Сетиен најверојатно ќе ја предводи Барселона до крајот на сезоната, но неговото останување на „Ноу Камп“ и следната сезона е малку извесно.
За негов можен наследник се шпекулира веќе подолго време. Се споменуваше Чави, вчера наводно на Каталонците им бил понуден Лоран Блан, а „Мундо Депортиво“ денеска ја пренесува „желбата на соблекувалната“ на Барселона.
Според информациите пренесени, Сетиен ја загубил довербата, желбата на колективот за тренерската позиција е Патрик Клајверт.
Наводно негогаш сјајниот напаѓач е посакувано лице на „Камп Ноу“.
Тој за Барса своевремено одигра 257 меча и постигна 122 гола. Моментно е директор на младинскиот погон на клубот. Таму е од минатото лето.
Претходно еден период му беше помошник на својот репрезентативен колега Кларенс Сидорф на клупата на Камерун.
Шпанските медиуми Клајверт го споредуваат со Зидан. Пишуваат дека како и Французинот имаше импресивна кариера, а се потенцира неговата способност кога се во прашање меѓучовечките односи.
Клајверт зборува холандски, германски, англиски, француски, италијански и португалски јазик што е голем плус.