Тројца Англичани и Италијанци, двајца Чеси и по еден Французин, Швеѓанец и Португалец го формираа идеалниот тим на ЕУРО 2020. Според статистиката на „SofaScore“, најдобро оценет фудбалер, од сите што настапија на Европското првенство, доаѓа од репрезентацијата која ја предаде круната. Кристијано Роналдо, на четирите натпревари колку што одигра Португалија има просечна оценка 8,00.
Во формација 4-3-3, на голот на идеалниот тим е Пикфорд од Англија со просечна оценка 7,39. Во одбраната се Англичаните Лук Шо (7,55) и Хари Мегваер (7,68), односно Италијанецот Леонардо Бонучи (7,33) и Чехот Владимир Цоуфал (7,38).
Во редот за врска се тројца од три различни селекции: Пол Погба, (7.88), Емилс Форсберг (7,75) и Марко Верати (7,60).
Во нападот покрај Роналдо, според статистиката на „SofaScore“ се најдоа Лоренцо Инсиње од Италија (7,50) и Патрик Шик од Чешка (7,58).