Бразил и Хрватска од 16 часот ќе ја отворат четвртфиналната фаза на 22.Светско првенство во фудбал. Најголемиот фаворит за титулата и актуелниот вице-првак, ќе се судрат на „Едукејшн“ стадионот во Ал Рајан. Натпреварот ќе го суди Англичанецот Мајкл Оливер.
Бразил на патот до четвртфиналето со две победи (Србија, Швајцарија) и пораз (Камерун) во комбиниран состав ја освои групата. Во осминафиналето, избраниците на Тите ја преказија Јужна Кореја.
Хрватска, на општо изненадување, во групата заврши зад Мароко. „Коцкестите“, два пати ремизираа без голови (Мароко, Белгија) и ја победија Канада, а во осминафиналто на пенали ја добија драмата против Јапонија.
Бразил и Хрватска низ историјата одиграле четири натпревари, два од нив се пријателски (2015 во Сплит 1:1 и 2018 во Ливерпул 2:0), два на светските шампионати (2006 во Германија 1:0 и 2014 во Бразил 3:1).
На тековниот Мундијал, кога станува збор за статистиката, Бразил и Хрватска се речиси израмнети. Примија по два гола досега, Бразил има постигнато два гола повеќе од Хрватска. Поседот на топката е незначително на страната на бразилските играчи, кои креираат нешто повеќе големи шанси на секој натпревар.
Значи традицијата и изданијата на ова СП се на страната на Бразил, а еднен интересен податок вели дека секогаш кога на Хрватска и судат Англичани, а тоа досега се случило пет пати, натпреварите завршувале нерешено.