Top Sport

Соиграч на Пандев се пресели кај Мурињо во Рома

Узбекистанецот Елдор Шомуродов пристигна во Рома. За соиграчот на Горан Пандев во Џенова, Рома плати 17,5 милиони евра. Преку бонусите, Џенова може да заработи уште 2,5 милиони евра.

Шомуродов, минатото лето пристигна во Џенова, претходно играше во татковината, во Машал Мубарек и Буњодонкор и во Русија, во Краснодар.

Минатата сезона, одигра 31 натпревар во дресот на Џенова, постигна осум голови.

Scroll to Top