Ромелу Лукаку имаше огромно влијание на играта на Интер по пристигнувањето од Манчестер јунајтед, а очигледно стана миленик и на соиграчите, кои му се потсмеваа откако тој се пофали со новиот стан и новиот огромен кревет на Инстаграм.
Креветот на Лукаку е од луксузниот американски бренд „Мери“, кој самиот се фали дек ги изработува најголемите кревети на светот за „големи соништа“. Лукаку го опремил својот стан во „Сити лајф“ квартот во близина на „Сан Сиро“, а белгискиот весник „Хет ниувсблад“ тврди дека тој купил уште два стана во близна за неговата мајка и неговиот син Ромео.
„Нов стан, нов кревет“, напиша 26-годишниот Белгиец на Инстаграм и одговорите беа супер-смешни
„Дали е за 15 луѓе“, праша неговиот соиграч, дефанзивецот Андреа Ранокија. „Кој е овој мал човек на голем кревет?“, праша друг навивач на Интер.