Неофицијалното гласило на Реал Мадрид, весникот „Марка“, на читателите им открива дека во саботата се случил сериозен инцидент на тренингот. Соиграчите спречиле тепачка помеѓу Серхио Рамос и Марсело.
„Марка“ со објавувањето на оваа информација сака да укаже на тоа колку е нездрава атмосферата во соблекувалната на Реал. Сепак овој инцидент се одразил врз останатите играчи, кои синоќа во Валјадолид победија (4:1). Рамос овој меч го пропушти, а Марселона одигра само четири минути.
Причината за инцидентот помеѓу долгогодишните „соборци“ била и повеќе од банална. На тренингот натпревар играле екипи предводени од Марсело и Серхио Рамос, на крајот победила екипата на Бразилецот.
Марсело бурно ја прославил победата што не му се допаднало на Рамос, а тепачка спречиле останатите играчи.
Овие двајца по завршувањето на сезоната би можеле да го напуштат Реал. Марсело долго време се поврзува со Јувентус, а Рамос ќе биде продаден бидејќи по мечот со Ајакс влегол во жестока расправија со претседателот Флорентино Перез.