Top Sport

Солари: Сакам да работам во Премиер лигата

Поранешниот тренер на Реал Мадрид Сантијаго Солари открил дека сака да работи во Премиер лигата.

Аргентинецот неколку месеци, минатата сезона, беше тренер на Реал. Доби отказ по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите.

Неодамна тој бил уловен на трибините на „Стенфорд Бриџ“ како го следи натпреварот помеѓу Челси и Кристал Палас, поради што британските медиуми шпекулираат дека тој наскоро ќе работи во Премиер лигата.

„Би сакал да работам во Премиер лигата. Често ги гледам натпреварите. Ова е врвно првенство кое се наоѓа во еден од најдобрите периоди во својата историја. Тука играат врвни играчи и работат некои од најдобрите тренери во светот. Покрај сите тие различни националности и стилови на игра да не заборавиме дека минатата сезона финалистите во Лигата на шампионите и Лига Европа беа од Премиер лигата“, истакнал Солари.

Покрај искуството што го има со првиот тим на Реал, Солари бил тренер и на Б екипата на „кралскиот клуб“.

Scroll to Top