Лука Дончиќ одигра уште еден добар меч, а неговиот тим Далас Маверикс забележа нов пораз. Маверикс се поразени од Јута Џез 117:102. Порази изминатата ноќ забележаа и тимовите во кои играат српските репрезентативци Никола Јокиќ (Денвер), односно Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица (Сакраменто).

Мемфис Гризлис им го нанесоа вториот пораз на Денвер во 11. натпревар сезонава. Гризлис победија 89:87, а мечот што поскоро ќе сака да го заборави Јокиќ. Српскоот центар постигна само четири поени, сите од линијата за слободни фрлања. Интересно тој само еднаш се обиде да погоди од игра.

Дончиќ уште еднаш потврди дека е вон сериски талент и сериозно ја истакна кандидатурата за руки на годината. Словенецот постигна 24 поени против Јута, но не можеше да го спречи поразот на својот тим 117:102.

Торонто Репторс ја продолжија победничката низа и против Сакраменто Кингс. Репторс предводени од Каваи Ленард (25 поени, 11 скока) славеа со 114:105. Кај Сакраменто се истакна Вили Коли-Стајн со 23 поени. Во тимот на Кингс првиот меч сезонава го одигра Богдановиќ (седум поени, два скока), додека Бјелица не успеа да постигне ниту еден поен.

Кливлед Кавалирс запишаа уште еден пораз. Кавалирс од стартот на сезоната имаат само една победа. Оклахома, без Расел Вестбрук, победи во Охајо 95.86. Денис Шрудер со 28 поени беше најефикасен кај Оклахома.

Мајами славеше во дуелот со Сан Антонио Спарс 95:88. Монструозна партија имаше Хасан Вајтасјд со 29 поени, 20 скока и девет блокади.

Ентони Дејвис се врати во тимот на Њу Орлеанс Пеликанс и со 32 поени и 15 скока беше најзаслужен за победата над Чикаго Булс 107:98.

ЛА Лејкерс во драматичен меч славеа над Минесота Тимбервулвс 114:110. Леброн Џејмс остана краток за една асистенција поради што не забележа трипл-дабл. Џејмс мечот го заврши со 24 поени, 10 скока и девет асистенции. Минесота ја предводеше Дерик Роуз со 31 поен.

Филаделфија во дербито на Истокот ги совлада Индијана Пејсерс 100.94. Ова беше првиот триумф за Филалделфија на гостински терен. Џоел Ембид забележа 20 поени и 10 скока, Дарио Шариќ потигна 18 поени, а Бен Симонс имаше 16 поени, 10 скока и осум асистенции. На Индијана не им помогна ниту брилијантаната партија на Виктор Оладипо (36 поени, седум скока, шест асистенции).