Top Sport

Откриен облогот на кој паднал Стариџ

Напаѓачот на Ливерпул и на англиската репрезентација, Даниел Стариџ, вчера беше обвинет за прекршување на правилата на Фудбалската асоцијација (ФА) за обложување, откако двапати се обложувал во јануари 2018 година, иако асоцијацијата не објавува за кои мечеви се работи.

Денес се појавија информации кои говорат дека Стариџ го прекршил правилото, а сето ФА ќе треба и да го докаже. Исто така е јасно дека обложувалниците загубиле многу пари.

Даниел Стариџ, во зимскиот преоден рок, реши да замиен на позајмица во некој друг клуб, за да има шанси да конкурира за место во англиската репрезентација, која ја очекуваше настап на Светкото првенство.

Најголем интерес за неговите услуги покажал Интер и на сите им било јасно дека напаѓачот ќе заврши во Италија.

Меѓутоа, два дена пред завршувањето на преодниот рок, се појавил облог дека Стариџ ќе оди на позајмица во Вест Бромвиќ Албион, последно пласираниот тим во лигата. Коефициентот дека Стариџ ќе заврши во Вест Бромвич Албион бил 67, односно за вложена една фунта се добивале 67 фунти).

Потоа следувала „поплава“ од облози, дека Стариџ ќе замине во ВБА, обложувалниците доцна реагирале и го намалиле коефициентот на 1,50, но им било јасно дека загубиле многу пари.

Ден подоцна Стариџ заминал во ВБА.

ФА треба да утврди кој ја знаел за трансферот и дали Стариџ сам се обложувал преку други луѓе, или пак на некого му ја кажал информацијата. Доколку се докаже дека Стариџ е вмешан тогаш се соочува со жестока казна.

Стариџ ги прекршил правилата за обложување

Scroll to Top