Сантијаго Солари вели дека „ништо не е невозможно“ за Реал Мадрид откако неговиот тим скокна на третото место во Ла лига по 2:0 победата над Севилја во саботата со головите на Касемиро и Лука Модриќ.
Со овие три поени, Реал се на седум поени зад лидерот Барселона, кои денеска играат со Леганес дома. И покрај оваа разлика и со Атлетико Мадрид на второто место, тренерот инсистира дека борбата за титулата не е завршена.
„Се бориме во три натпреварувања до крај. За Реал Мадрид ништо не е невозможно. Секогаш уживаме во фудбалот и во натпреварувањата, тоа е нашата страст и го сакаме клубот и низ тешки моменти“, вели Солари.
Тој исто така го коментираше настапот на Лука Модриќ, кој иако доби исеченица на главата по воздушниот дуел со Франко Васкез остана во игра и во финишот на мечот го постигна својот втор гол оваа сезона.
„Тој беше неверојатен, посебно бидејќи мораше да му ја сошијат раната. Вистински фајтер и одигра фантастично второ полувреме. Тоа кажува многу за духот на нашиот тим“, додава тренерот.
Фото: ЕПА
Модриќ крвавата глава ја надополни со гол, Реал ја доби Севилја (видео)