Top Sport

Солер со голчиште за прва лигашка победа за Валенсија од ноември!

Валенсија, конечно, ја прекина лошата серија во Ла лига од осум меча без победа (од 4:1 победата над Реал Мадрид на 8 ноември), откако стигна до 1:0 триумф на гости кај Валјадолид, за малку да избега од зоната за испаѓање.

Финансиските проблеми на „лилјаците“ предизвикаа многу проблеми оваа сезона, но никој не очекуваше период од речиси два месеци без победа.  Човек на одлука беше Карлос Солер во 76. минута од мечот, а до крајот Валенсија постигнаа уште еден гол преку Валехо (87. минута), кој сепак беше поништен поради офсајд.

Со оваа победа, Валенсија се искачува на 13. место на табелата со 19 поени, додека со поен помалку (18) Валјадолид е на 16. место.

ЛА ЛИГА, 18.КОЛО

Леванте – Еибар 2:1

Кадиз – Алавес 3:1

Валјадолид – Валенсија 0:1

Scroll to Top