Top Sport

Богдановиќ скршил коска во коленото

Кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ, доживеал тешка повреда на коленото, на мечот со Шартлот Хорнетс, одигран пред два дена.

Франшизата од Атланта соопшти дека, Бпгдановиќ, се здобил со фрактура на коската на десното колено. Атланта не објави колкава пауза го очекува српскиот репрезентативец.

Ваква фрактура на коската не бара оперативен зафат, но рехабилитацијата може да трае и до шест месеци.

Богдановиќ пред почетокот на сезоната, од Сакраменто, пристигна во Атланта. Со оваа франшиза тој потпиша четиригодишен оза76 милиони долари.

Од почетокот на сезоната има просек од 9,9 пеони и 2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top