Top Sport

Солксјер се согласи со Клоп: Англискиот фудбал почна да наликува на рагби!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во редок случај се согласи со својот ривал од Ливерпул, Јирген Клоп околу новите судиски правила во Премиер лигата, велејќи дека се оди од еден екстрем во друг.

Во советите до судиите, оваа сезона се препорачува да не се казнуваат „тривијални“ прекршоци, по што Клоп изјави дека тоа е потег кој ќе го уназади фудбалот 10-15 години, и дека предизвикува груба игра. По 1:1 ремито со Саутемптон, Солскјер се согласи, посебно за наводниот фаул над Бруно Фернандеш пред голот на домаќините.

„Ако сакаат да одиме вака, тогаш ќе имаме многу повеќе повреди. Се надевам дека ќе се најде некоја златна средина. Тоа со Бруно беше фаул! Тој отиде директно преку него, со колкот и со раката. Не сум загрижен, но одиме од еден екстрем на одбојка или кошарка од лани, до сега овој стил на рагби. Да, секогаш сум сакал машки фудбал, но кога е фаул, тоа е фаул“, вели Солскјер.

Дали Клоп е во право дека фудбалот се враќа назад „10 или 15 години“?

Scroll to Top