Top Sport

Зверев и Циципас „излетаа“ од Индијан Велс, Азаренка и Бадоса во финалето

Фаворитите Александер Зверев и Стефанос Циципас загубија во четврт-финалето на Мастерсот во Индијан Велс, додека во женското финале се пласираа Викторија Азаренка и Паула Бадоса.

Тејлор Фриц спаси две меч-топки за да го шокира светскиот рекет број 4, Александер Зверев за пласман во финалето. Зверев сервираше за мечот при 5:3 во вториот сет, но американскиот светски број 39 се врати за 4:6/6:3/7:6 победа.

Грузиецот Николоз Басилашвили го направи второто големо изненадување, совладувајќи го со 6:4/2:6/6:4, светскиот број 3, Гркот Стефанос Циципас.

На женскиот турнир, пак, двократната гренд слем шампионка Викторија Азаренка е фаворитка да стигне до својата трета титула од Индијан Велс, откако се пласираше во финалето по тешката 3:6/6:3/7:5 победа над Летонката Јелена Остапенко. За трофејот 32-годишната Белорусинка ќе се бори со Шпанката Паула Бадоса, која со 6:3/6:3 ја победи Онс Жабер, Тунижанката која од понеделник ќе стане првата арапска тенисерка во топ 10 на ВТА листата.

Scroll to Top