Top Sport

Солскјер е горд што Халанд е блиску до неговиот рекорд во ЛШ

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека е горд што неговиот норвешки сонародник и поранешна „мета“ на „ѓаволите“, Ерлинг Халанд се доближува до неговиот рекорд во Лигата на шампионите.

Солскјер е најдобриот норвешки стрелец во историјата на европското елитно натпреварување со 20 гола во кариерата со Јунајтед од 1996 до 2007, по што следува поранешниот напаѓач на Астон вила и Валенсија, Џон Кару со 18, додека Халанд веќе има 16 гола со Ред бул Салцбург и Борусија Дортмунд.

Солскјер работеше со Халанд додека беше тренер на норвешкиот Молде и вели дека чувствува дека е делумно заслужен за формата на онародникот.

„Мојот рекорд? Многу бргу ќе падне, тоа е сигурно. Момчето имаше неверојатен старт на кариерата. Беше добро да се работи со него, да се види тој потенцијал и малку сум горд што помогнав во неговата кариера. Сигурен сум дека го чекаат многу голови во Лигата на шампионите“, вели Солскјер.

Тој наводно се обиде да го донесе Халанд на „Олд Трафорд“ пред неговиот трансфер од 20 милиони евра во Дортмунд во јануари и шпекулациите тврдат дека уште постои интересот.

„Почнавме? Пред важен меч со ПСЖ зборуваме за трансфери. Со сите кои дојдоа во текот на летото и во јануари, не е во ред да коментирам за трансферите. Ќе видиме каде ќе се во јануари и веќе имам мака да го изберам мојот тим“, додава Солскјер.

Scroll to Top