Top Sport

Лудило во Узбекистан – со кунг-фу удар кон судијата

Мечот помеѓу ривалите Нефчи Фергана и Турон Јајпан во Узбекистанската Про лига заврши во хаос, откако еден од фудбалерите на Нефчи упати вистински кунг-фу удар кон судијата Шавкат Насибулаев.

Турон стигнаа до 1:0 победа благодарение на гол во 81. минута, со кој и поминаа ривалите на првото место во втората лига и запечатија влез во првата лига, по што домашните фудбалери својот бес го искалија на судијата, кој доби евен навистина голем удар.

Узбекистанската полиција потврди дека започнала истрага за инцидентот кој се случи денеска.

Scroll to Top