Top Sport

Ковингтон: Леброн ќе помине полошо од Робинсон, ќе го „јаде патосот“

Контроверзниот УФЦ фајтер, Колби Ковингтон повторно влезе во вербален напад на НБА ѕвездата Леброн Џејмс, предупредувајќи го дека ќе „јаде“ уште полош нокаут од поранешниот НБА играч, Нејт Робинсон, кој имаше неславно деби во боксерскиот ринг.

Ковингтон, познат како голем поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп и остар критичар на Леброн и на НБА кошаркарите, се шегуваше со поразот на Робинсон од јутјуберот Џејк Пол во саботата во две рунди, велејќи дека Џејмс не би изддржал ниту една рунда.

„Слушнав дека конечно го изгребаа телото на Нејт Робинсон од ‘Стејплс центарот’. Ќе го натерам Леброн Џејмс да го јаде патосот за половина од тоа време. Сите знаат дека сегашните НБА играчи се најмеките и најпривилегираните спортисти на планетата“, вели Ковингтон.

УФЦ ѕвездата Ковингтон до НБА играчите: Откажете се од милионите и станете полицајци

Scroll to Top