Фудбалската јавност со внимание ги следи случувањата во Манчестер јунајтед. Многумина очекувата дека менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ.
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон, коментирајќи ги случувањата на „Олд Трафорд“, рекол дека не може да верува дека Солскјер се уште е менаџер на „црвените ѓаволи“.
„Невозможно е колкава среќа има. Луѓето можат да говорат што сакаат, јас сум сигурен само во една работа – кога губите од најголемиот ривал на домашен терен со 5:0. наредниот ден добивате отказ. Така е секаде во Европа. Да изгубеа Арсенал или Челси од Тотенхем 5:0, менаџерот веќе немаше да биде на функцијата. Јунајтед победија на еден од последните пет натпревари во Премиер лигата, тоа е неприфатливо. Не знам што се случува во тој клуб“, рекол Мерсон и дополнил.
„Згрижува тоа што Солскјер и по три години не знае кој му е најдобриот тим. Го донесоа Санчо за многу пари, а тој не игра. Се бореа долго време да го задржат Погба, а тој најважниот меч го започнува од клупата. Јунајтед не е тим, тоа е група на индивидуалци. Немаат план во играта. Головите ги постигнуваат на среќа. Тимовите се радуваат кога треба да играат против нив“.