Top Sport

Солскјер ги обвинил Реал: Водат кампања против нас

Тренерот на Реал Мадрид, Оле Гунар Солскјер, на прес конференцијата пред натпреварот со Вест Хем, ги обвинил Реал Мадрид дека водат негативна кампања со цел да го реализираат трансферот на Пол Погба.

Англиските медиуми пишуваат дека Погба во изминатите неколку недели целосно го сменил својот однос кон клубот и тренинзите, а Солскјер сметал дека за тоа се виновни од Реал Мадрид.

Погба, пред две недели изјави дека сон на секој играч е да игра за Зинедин Зидан, што шпанските медиуми го разбраа како барање за трансфер.

„Можно е дека се води кампања за негов трансфер. Никогаш не можете да знаете што се случува зад сцената, но се е можно. Не можам да тврдам дека има промени во неговото однесување, сепак е тој професионалец“, рекол Солскјер.

Погба не игра најдобро во последно време. Во првите десет натпревари под водство на Солскјер тој забележа осум гола и пет асистенции, а во наредните десет само една асистенција.

Минатата недела, Манчестер Јунајтед не му дозволиле на Погба да одржи настан во организација на „Адидас“ во тренинг центарот во Карингтон. Извор близок до клубот за „Дејли Мејл“ рекол дека Погба го сменил однесувањето.

„Откако започнаа шпекулациите за трансфер во реал тој е поинаков. Не е повеќе фокусиран само на Манчестер Јунајтед, тој е деконцентриран, се забележува дека Реал му влегле во главата “.

Scroll to Top