Оле Гунар Солскјер вели дека не е возможно да се очекува младите фудбалери на Манчестер јунајтед да го играат „типи-тапи“ стилот на фудбал како што играат во градските ривали, Манчестер сити.
Јунајтед го имаа можеби најдобриот меч оваа сезона при 4:1 победата над Њукасл на „Олд Трафорд“ со два гола на Антони Марсијал и по еден на Мејсон Гринвуд и Маркус Рашфорд. Оваа сезона Јунајтед тешко ги „пробиваат“ дефанзивните тимови, но Солскјер вели дека оваа победа покажува дека тој стил може да функционира.
„Мислам дека и досега беше јасно каков тип на тим сме. Навивачите знаат што можат да очекуваат кога играме во најдобра форма. Тоа го покажавме во четвртокот кога губевме, но не паднавме. Треба да направиме да биде тешко да се игра со нас. Не можеме да играме типи-тапи фудбал како Сити, тоа го можат само тие. Мораме да имаме повеќе енергија и желба за победа во секој меч“, вели Солскјер.
„Ѓаволите“ сега се на само четири поени од место кое води во Лигата на шампионите и Солскјер е сигурен дека ќе можат да обезбедат таков пласман.
„Би требало да бидеме во топ 4 пред тој последен меч со Лестер, но можеби тој ќе одлучува. Кажав од почеток дека следната година ќе бараме многу повеќе од тимот. Млади сме, но овој тим ќе научи многу оваа сезона“, додава Норвежанецот.