Оле Гунар Солскјер, по поразот од Лајпциг (3:2), во Лигата на шампионите, не сакал да одговара на прашањата поврзани со Пол Погба и неговиот менаџер Мино Рајола.
Менаџерот на Погба, Мино Рајола, пред неколку дена изхави дека неговиот клиент ќе го напушти Манчестер јунајтед по завршувањето на сезоната. Погба има договор со Јунајѕед до јуни 2022 година.
„Ќе биде добро доколку менаџерот на Погба разбере дека оваа е тимски спорт и дека работиме сите заедно. Ова е последно што ќе го кажам на оваа тема. Не сакам повеќе на тоа да ја трошам мојата енергија. Мрате да го прашате Погба дали е среќен. Нема да зборувам во негово име. Тој работи напорно на тренинзите. Мислам дека сега не е време да зборуваме кој ќе дојде или кој ќе го напушти клубот“, рекол Солскјер.