Оле Гунар Солскјер можеби уште го има „бебешкото лице“, но покажал дека може да биде и „диктатор“ по бурната реакција по домашниот пораз од 0:2 од веќе испаднатиот Кардиф во последното коло во Премиер лигата.

Преодниот рок во светскиот фудбал започнува на полноќ во четврток и Солскјер изгледа едвај го чека моментот, откако по поразот ги нарекол фудбалерите „срамота за клубот“. Според „Сан“, по поразот тој дури се заканил со зборовите: „Ќе продадам пола од вас“.

Останува да се види кого тоа 46-годишниот Норвежанец ќе постави на трансфер-листата, по големиот број на шпекулации кого смее и кого не смее да продаде по наредба на сопствениците.