Top Sport

Солскјер прешкрта 6 играчи за идната сезона, Санчез најголем проблем

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солкјер отпиша 6 играчи за следната сезона, а најзвучното име на тој список е Алексис Санчез кој наскоро ќе се врати по позајмицата во Интер.

Јунајтед игра одличен фудбал по продолжението на сезоната, но за да биде конкурентен за титулата, му недостасуваат неколку квалитетни фудбалери, на различни позиции.

На трансфер листата освен Чилеанецот, се најдоа и Крис Смолинг, Моаркос Рохо, Фил Џонс, Џеси Лингард и Диого Далот, информираше денеска британски „Мирор“.

Санчез е најголемиот проблем затоа што има договор со 25 милиони евра годишна плата, па „ѓаволите“ би сакале да се ослободат од него и да го растоварат буџетот на клубот.

Јунајтед пропушти можност викендов да се пробие на третата позиција во ПЛ, но Саутемптон постигна гол за реми, 2-2 во 96 минута.

Scroll to Top