Top Sport

Солскјер признава дека е под притисок и дека мора да се освојуваат титули

Oле Гунар Солскјер инсистира дека ја има целосната поддршка на бордот на Манчестер јунајтед, но дека многу добро знае каква цена ќе плати доколку не успее да донесе титули на „Олд Трафорд“, откако неколку негови поранешни соиграчи го предупредија дека мора да се освојуваат трофеи по трите порази во последните четири меча.

Јунајтед загубија од Јанг бојс во Лигата на шампионите, од Вест хем во Карабао купот и од Астон вила во Премиерлигата, од кои последни два меча се одиграа на домашен терен, а сега ги пречекуваат старите познаници Вилјареал утре во ЛШ.

Рио Фердинанд, Теди Шерингам, Пол Сколс и Гери Невил, поранешни соиграчи на Солскјер предупредија дека реалноста е дека веќе нема простор за изговори и дека е потребно да се крене нивото и да се донесат трофеи.

„Притисокот кој постои е привилегија и да работиш тука мора да го прифатиш тоа. Ако Гери вели дека морам да освојам титула и дека ја имам поддршката,т оа е точно. Поддршката е да се остане на планот, но ова е бизнис на резултати. Очекувањата се зголемија со летните засилувања и јас сум тука да победувам. Гери го знае тоа, го знае ДНК составот на клубот и дека имаме обврска да победуваме во одреден стил. Краткорочно фокусот е на секој следен натпревар, а на долги патеки на градење на тимот, на подобрување и победување“, признава Солскјер.

Scroll to Top