Top Sport

Мартина Хингис: Потешко е да чуваш деца отколку да играш тенис

Поранешната светска тенисерка број 1, Мартина Хингис вели дека да се биде мајка повеќе ја исцрпува од играњето тенис. 39-годишната Швајцарка, која има едногодишна ќерка Лиа, во интервју за магазинот „Блик“ вели дека за тенисот можеш да бидеш подготвен, но не и за родителството.

„Многу е поисцрпувачки да се биде мајка отколку да се игра тенис. Тренирав повеќе од 30 години тенис и тоа ми беше работа, но никој не може да те подготви за мајчинството. Таа е заинтересирана за топчињата и го држи рекетот, но рано е да знаеме дали ќе игра тенис“, вели Хингис, која стана светска тенисерка број 1 на 16 години.

Хингис, која е во брак со спортскиот доктор Харалд Леман од 2018 година, зборуваше за нејзините наследнички во швајцарскиот тенис, Белинда Бенчич и Леони Јунг.

„Бенчич лани имаше фантастична сезона и не се стигнува до четвртото место на ВТА листата со среќа. Со Леони се сретнавме пред две три години и беше на тренинг со нас. На Вимблдон нејзиниот татко се пофали дека таму ќе им биде подобро, бидејќи се игра на трева, а тие доаѓаат од фармерско семејство“, додава Хингис.

Scroll to Top