Top Sport

Новак: Знам дека сум само трет по популарноста во светскиот тенис

И покрај тоа што е светски рекет број 1 и според самата АТП, тенисер на изминатата деценија, Новак Ѓоковиќ признава дека е само трет кога се работи за поддршката на тениската публика, која очигледно ги преферира Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Прочитав многу работи дека публиката не ме сака, но немам таков впечаток, посебно надвор од теренот. Дури и да е вистина, зошто би сакал да додавам масло на огнот? Не сакам да побудувам негативни емоции. Немам негативни чувства за луѓето кои не навиваат за мене. Не сум горд од моите постапки во одредени моменти, кога ја губам самоконтролата. Правам грешки, но сакам да учам од нив. Никогаш не сакам да побудувам лоша енергија“, вели Ѓоковиќ.

Но, на крајот тој вели дека нема проблем со тоа што Федерер и Надал се попопуларни.

„Факт е дека повеќето фанови ги поддржуваат Федерер и Надал против мене, но тоа е поради тоа што тие двајца претставуваат во светскиот тенис. Тоа не значи дека ме мразат, ниту дека јас морам да ја свртам Србија против целиот свет само бидејќи помалку луѓе навиваат за мене во гренд слем финалињата“, додава Ѓоковиќ.

Scroll to Top