Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер се надевал дека Пол Погба ќе потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“. Тој не сакал да открие во која фаза се преговорите помеѓу клубот и застапниците на фудбалерот.
Изјавата на Солскјер предизвика внимание бидејќи медиумите речиси една година пишуваат дека Погба ќе го напушти Јунајтед.
„Не можам да откријам во која фаза се преговорите, само можам да потврдам дека сакаме да ги задржиме нашите најдобри фудбалери“, рекол Норвежанецот.
„Сакаме да створиме тим за во иднина. Откако се врати по повредата Пол изгледа се подобро на теренот. Ужива во фудбалот“.
Манчестер Јунајтед неодамна ги продолжи договорите со Скот Мектоминеј и Немања Матиќ.