Top Sport

Милан ќе го откупат договор на Тонали

Директорот на Милан, Паоло Малдини, рекол дека клубот по завршувањето на сезоната, ќе го откупи договорот на Сандро Тонали. Талентираниот фудбалер, оваа сезона е позајмен од Бреша.

Милан, на почетокот на сезоната и платија на Бреша 10 милиони евра, за услугите на Тонали. За да го откупат во целост неговиот договор ќе треба да издвојат уште 25 милиони евра.

Опште е впечатокот дека Тонали, не се снајде најдобро во тимот на Милан оваа сезона. На 37 натпревари, не постигнал гол, ниту забележал асистенција. Најчесто, тренерот Стефано Пиоли, оваа сезона во редот за врска играше со Бенасер и Кеси.

Scroll to Top