Top Sport

По три години, Вознијацки се враќа на тенисот

Три години откако се повлече од тенисот, поранешната светска тенисерка број 1, Каролине Вознијацки објави камбек во спортот преку есеј во магазинот „Воуг“. 32-годишната данска тенисерка открива дека почнала повторно да тренира по раѓањето на второто дедте во октомври и сфатила колку и недостасува спортот.

„Тешко е да се каже зошто, или што се смни, но кога мојот татко Пјотр ме виде како тренирам тој ден и ми кажа: ‘Изгледа дека уживаш’, ги сфатив работите многу појасни. Последните три години надвор од тенисот беа посветени на време со семејството и сега со две прекрасни деца сакам да остварам и други цели“, вели Вознијацки.

Таа открива дека планира да се врати на Канада опен во Монтреал во август како подготвка за настап на САД опен, каде што е двократна фналистка. Вознијацки заврши 71 недели на првото место на ВТА листата и освои 30 титули во кариерата, вклучувајќи го Австралија опен во 2018 и ВТА финалето во 2017 година. Таа се повлече од тенисот во 2020 по настапот на Австралија опен.

Таа се приклучува на подолгата листа на мајки во тенисот по Викторија Азаренка, Елина Свитолина и Тејлор Таунзенд, додека се чека камбекот на поранешните светски тенисерки број 1, Анџелике Кербер и Наоми Осака.

Scroll to Top