Top Sport

Сон – Седма резерва со хет-трик во Премиер лигата

Денот во Премиер лигата го одбележа Хјеон Мин Сон со хет-трик во победата на Тотенхем против Лестер (6:2).

Сон во игра од клупата влезе во 59. минута, а головите ги постигна во 73., 84. и 87. минута од натпреварот.

Фудбалерот на Тотенхем е само седмиот играч во ерата на Премиер лигата (од 1992 година) кој како резерва успеал да постигне три гола.

Првиот кој направил ваков подвиг е Оле Гунар Солскјаер во 1999 година, а потоа во 2004 година тоа му успеало на Џими Флојд Хаселбијанк.

Во 2005 година три гола успеал да постигне Роберт Ерншо, а во 2008 година Емануел Адебајор.

Ромелу Лукаку на овој начин беше во центарот на вниманието во 2013 година, а последен, пред Сон, кој како резерва постигнал хет-трик бил Стивен Нејсмит во 2015 година.

Scroll to Top